Баба Субаха има 95 години, изгледа многу помладо и нема никаков здраствен проблем, открива што јаде и која е грешката на денешните домаќинки

Субаха Реџиќ од Бугојно е една од најстарите и воедно најздравите жени во Босна и Херцеговина со 95 години. Покрај тоа што достигнала длабока старост, оваа баба е многу витална и здрава, а изгледа и доста помладо.

Тоа што речиси никогаш не оди на лекар кажува многу, а во една прилика кога отишла докторот зачудено ја прашал што јаде, бидејќи совршено слуша, оди без помагала, а добро и служи видот и меморијата.

И покрај тоа што имала тежок живот, Субаха не ја изгубила веселоста, па и на 95 години ги пречекува гостите со насмевка и добредојде.

Како што и самата вели, сè уште готви, чисти, сама ги извршува сите домашни работи, а ја подготвува и зимницата како и останатите домаќински работи.

Кога еднаш докторот ја прашал што јадела во текот на животот, таа истакнала дека клучот е во домашната исхрана, која денес се повеќе се запоставува.

Јадев домашно гравче, компири, краставици, зелка, тиква… Сè домашно!“, изјави Субаха за босанскиот новинар Адмир Пилиќ.

Таа истакна и дека има домашна пченица, од која правела брашно, а брашното што го користиме денес не се ни познато. – „Ова брашно не се ни јадеше, не се ни знаеше за тоа. Се јадеше само домашен леб“, објасни таа.

Имала многу добиток, што и овозможило да ужива во домашните млечни и месни производи, а истакнува и дека денешните домаќинки прават голема грешка што подготвуваат само месни производи, како салама што ја пржат, а тоа воопшто не е здраво.

Освен во исхраната, нејзината тај на лежи и во дружењето со други луѓе. Таа е секогаш подготвена за топол разговор, а целиот регион има само најубави коментари за неа.