Бездомникот Тоде од Скопје доби покрив над глава и топол дом – благодарение на вистински патриоти со голем потег

Пред извесен период телевизија Сител емитуваше серија за судбината на 65 годишниот Тоде Јовановски од Ранковце.

Во последниве 20 години засолниште преку цела година му е една трошна гаража во скопски Аеродром. Без струја, вода, топлина, но и чувство на сигурност, овој човек е приказ на една тажна судбина.

– Овде спијам, ова ми е кревет ова ми е се што имам. Јас од државата имам кренато раце. Немам никаква помош од државата.

– Никој не ме ни посетува, немам никаква поддршка, сам сум со кучињата и голубите кој се мој пријатели, во оваа просторија се бањам.

И зиме и лете, Тоде собира отпад и го препродава за да заработи за леб, а некогаш и хумани луѓе му помагаат со храна и облека.

– Заработувам колку можам, вадам бакар или алуминиум, што ќе најдам по контејнерите и потоа го носам во отпад, вели Тоде за ,,Сител” телевизија.

Социјална помош не добива, бидејќи му кажале дека нема право на неа, бидејќи имал нива на негово име која ја делел со неговите браќа и сестри. Животот на улица по дефиниција е сур ов, а Тоде вели е благодарен е и за тоа што го има.

– Доколку може некој да ми помогне би му бил многу благодарен, јас се снаоѓам како знам и умеам, додава овој храбар човек.

За овој човек сека доаѓаат подобри денови, па така во овие зимски студени денови тој добива покрив над глава.

Имено здружението Патриотско друштво реши да го вдоми во гарсоњеа која што ја закупи и сите давачки во следните три месеци, заклучно март ќе бидат подмирени на нивен трошок.