Белград не мирува: Вечерва со пиштол, во грб е застрелано младо момче од Македонија

Страстите во Белград кога се во прашање пукањата не запираат. Имено две млади момчиња се ранети во престрелката што се случи вечерва во Улица „Максим Горки“ во Врачар.

А.П.(29) вечерва во 19 часот и 40 минути на аголот од улиците Цар Николај Втори и Максим Горки бил застрелан во пределот на десната надколеница.

Ранетиот А.П во досието има 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништва. Во сила е налог за издржување затворска казна.

Во престрелката е повреден и македонскиот државјанин Д.Л. (21). Тој беше застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет.

Се трага по напаѓачот. Има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки.По пукањето побегнал кон Чубурски парк.

Во моментот на пукањето паркот бил полн со деца и кога се слушнале истрелите сите се исплашиле, а потоа некој сугерирал дека најверојатно се петарди и играта продолжила.