Блага Петреска проговори за турнејата во Германија поради која ја избркале од работа

За Блага Петреска е познато дека важи за една од најпознатите македонска пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни.

Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје.

Ја играла насловната улога во др амата „Коштана“ заедно со Петре Прличко. Првите снимки како изведувач ги направила со оркестарот на Кочо Петровски.

За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи.

Блага беше дел од емисијата Патот до успехот каде зборуваше за нејзината кариера и раскажа една сега интересна случка за слушање.

Се случило дури била на почетокот на кариерата да требало да одржи турнеја, па не кажала дека ќе оди на турнеја во Германија туку дека е болна и е во Прилеп за да не ја избркаат од работа.

– Јас се јавувам од Германија и викам на Верче како е ситуацијата ми вика Блага те разбраа викам тогаш ќе ја истерам турнејата.

И ме бркаат, ми даваат отказ. После почнав со улоги, со Коштана, a се мислев дали да ја играм. Тој период го пополнив со глума кога ми дадоа отказ“, објаснува Блага.

Блага Петреска се присети и на прерано заминатиот колега Гоце Арнаудов за што рече дека и е жал поради тоа што немале време да направат една експ лозивна песна.