Бобан од Авалон: Аца Лукас е господин човек во споредба со оваа багра сега што е на сцена

Авалон Продукција со години важат за водечки во она што го прават и тоа со успех, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.

Бобан Милошевски е еден од основачите на продукцијата кој беше гостин во емисијата Нешто конкретно каде искрено кажа што мисли за новата музика која масовно се слуша по угостителските објекти.

– Сељаклукот и во однесување и во музика и во политика стана меинстрим. Јас одам во ситуација да стварно мислам дека турбофолкот е супер музика во однос на сега овој Бајага што го крсти „нарк офолк“ – ова сегашново завијање.

Тоа не е слушливо за уво. Правопропорционално тие се мнозинство, на улица, во кафана. Да даде Господ да поживеам уште многу за да видам дали стварно има дно, кај е живиот песок во тој контекст.

Тоа дека главниот град е град, а дека се останато е село е неверојатно колку е во Скопје поизразено од било кој друг град од Вардар до Триглав, што е доказ на некоја голема фрустр ираност на нас Македонците.

А таа доаѓа од неизживеаност. Не можам како на друг начин да го објаснам тоа. Аца Лукас снимил едно четири – пет бљувотини песни, ама од друга страна е стар рокер прав хеви металец.

Од трите концерта на Авалон што ги правеше на Ајрон Мејден во Белград, Аца Лукас двапати по 1.200 евра плати ложа за него и цел бенд иако можеше и зад наш грб преку салите да добие гратиси. Аца Лукас е господин човек во споредба со оваа багра сега што е на сцена, објаснува Бобан.