Боби е најстарото куче на светот, живее на фарма и никогаш не бил врзуван

Куче од фарма во Португалија официјално е прогласено за најстарото куче на светот, Боби кој има 30 години и 267 дена, го надживеа нормалниот животен век на својата раса речиси две децении.

Боби е раса Рафеиро до Алентејо, португалска раса најпозната како „одлично куче чувар за фарми и имоти“. Овие кучиња обично имаат животен век од 12 до 14 години.

Изгледа дека годините се само бројка за Боби – на возраст од 30 години и 267 дена – и тој сè уште е доволно способен да шета наоколу и да си игра со својата пријателка- мачка.

Боби е роден на 11 мај 1992 година и цел живот живеел со својот сопственикот Леонел Коста и неговото семејство во Конкуериос, Леирија, Португалија.

Возраста на Боби била потврдена од СИАК, база на податоци за домашни миленици овластена од португалската влада и управувана од СНМВ- Ветеринарниот синдикат на Португалија.

Претходно, најстарото куче било Блуи, австралиско куче. Живеел од 1910 до 1939 година, имал 29 години и 5 месеци кога заминал на другиот свет.

Семејството Коста верува дека клучот на долгиот живот на Боби е живеењето во природна средина и слободното шетање наоколу кога ќе посака.

Португалското куче никогаш не било затворено или држено со ланец и отсекогаш слободно шетало во шумите и обработливото земјиште.

Боби, исто така, секогаш бил хранет со „човечка храна“, Рекордот на Боби го зафати интернетот и илјадници луѓе сакаат да го посетат.

По објавувањето на овој рекорд од страна на гинесовата книга, следеа и коментари од типот каде некој луѓе велат дека би ги дале и нивните години само Боби да живее вечно.