Болниот Никола спиеше на тераса, немаа бања а сега животот му се промени за 360 степени

Братот и сестрата Никола и Милица Богдановиќ од селото Лопарница кај Бујановац живееја во многу нехумани услови и под човечки стандарди.

Никола спиел на тераса, а Милица немала своја соба. Четиричленото семејство на работ на егзистенцијата сега повторно има насмевка на лицето.

А сето тоа благодарение на младата хуманитарка Тамара Мисирлиќ, која им ја реновира куќата и ја врати среќата во нивните животи.

Куќата беше трошна, немаа под, немаа бања, а се капеа во корито. Поради немање простор, Никола бил проморан за спие на терасата и покрај здраствените проблеми.

Кога неодамна ги посети хуманитарниот тим на Тамара Мисирлиќ, нивната мајка Венка рече дека нивната најголема желба е да имаат скромен дом, додека нивната тринаесетгодишна ќерка Милица сака само соба и бања.

– Не избегнуваат оти сме сиромашни, што да правам, таков е животот – рече храбрата девојка која со овие зборови го расплака регионот.

Поради тешките услови за живот, хуманитарецот Мисирлиќ покрена акција за да му овозможи на ова семејство пристоен живот.

Само неколку недели по првата посета на Богдановиќ, Милица и Никола добија нова соба, а момчето повеќе нема да спие на тераса.

Благодарни за помошта, братот и сестрата ја држеа насмевката на нивните лица, а најголемата желба на Милица е пријателите да дојдат да ја посетат.

Нивната насмевка зборува повеќе од илјада зборови. За волку краток период животот на ова семејство се промени за 360 степени.