Борко за првпат јавно проговори за односот со Кире Лазаров: Отиде во длабокот, без да си ги земе мускулите

Голманот на Вардар, Борко Ристовски, беше гостин во Жешко столче каде малку подетално објасни во какви односи се со Кире Лазаров и што мисли за неговата работа како селектор.

„Не ја оладивме, не ја ни дозагреавме. Нашиот однос остана таков како и претходно, статус-кво. Луѓето кои се блиски до мене и него ја знаат ситуацијата едноставно му посакувам се најдобро.

Кога се разговара за спортска величина како што е Кире Лазаров мора да се прави дистинкција а тоа работата или она што го правеше Кире за коешто нема коментар, сум кажал дека е еден од најдобрите играчи.

Меѓутоа тој ја заврши својата кариера се одлучи да биде тренер селектор и сега доаѓа новиот момент кога се она што сте го правеле како играч ви дава одреден кредит одредено време.

Мислам дека неговиот кредит од една година заврши и сега веќе доаѓа во води коишто се не мирни и ќе има доста крит ики, а познавајќи го него не е навикнат на кр итики и ќе треба да научи затоа што огромниот број на јавноста го критикува неговиот избор.

И со право го кри тикува затоа што изборот на репрезентативци, без да ги навредам тие деца коишто се таму, сите заслужуваат до еден.

Меѓутоа да направите избор да земете од Вардар само четири репрезентативци, а од Алкалоид да има 8, актуелниот шампион мене тоа ми нема воопшто логика.

Има играчи во Вардар кои заслужуваат да бидат во репрезентацијата, но, кажав сега доаѓа во немирни води во кои секој може да си го каже своето мислење дали е тоа добро или лошо.

И не е веќе во водите на спортистот каде што домиинираше сега малку мислам дека отиде во длабокото без да си ги земе мускулите и допрва ќе има проблеми во тој дел.

Само се надевам дека нема да има големи последици репрезентацијата затоа што се она што го градевме 15 години оние резултати коишто се бо ревме да ги постигнеме не би сакал некој ради свои ега и комплекси да ги сруши и да ја донесе Македонија таму каде што беше пред 15 години“.