Борко Ристовски со порака до младите, им кажа од што да се држат настрана

Долги години беше незаменлив на голот на македонската ракометна селекција, го доби ептиетот ,,Министер за одбрана” благодарение на своите одлични партии и пожртвуваност кон репрезентативниот дрес.

По богатата интернационална кариера во едни од најдобрите светски клубови како Барселона, Рај Некар Ловен, Гумерзбах, Ал Ахли, Бенфика Борко Ристовски се врати дома.

Тој веќе две сезони е дел од двократниот европски шампион и македонска гордост Вардар, во меѓувреме имаше кратка авантура во германски Лемго.

Сега му истече позајмица и се врати во својот Вардар, каде главна цел ќе му биде да ја одбрани титулата и купот на Македонија.

Полека но сигурно со своите 39 години Борко е на залезот на својата кариера, па во последно време е и политички активен во ВМРО ДПМНЕ.

Како што е познато во февруари 2018 година, Борко Ристовски и неговата сега веќе сопруга Николина ставија потпис во матично и запливаа во брачните води.

Како круна на љубовта Борко и Нина го добија синчето Душан за кое голманот често знае да каже дека му е една од најголемите радости во животот. Неодмана тој изјави:

Јас не сум во политиката, туку во спортот кој е дел од политиката. Разговаравме за некои политички функции кои не ме привлекуваат бидејќи не се гледам во политиката.

Туку се гледам во дел од политичка партија, но во делот за спортот каде што можам да направам вистински и суштински промени и да помогнам.

Тој е доста активен на социјалните мрежи, а сега во последната објави и упати порака на младите им порача што да избегнуваат и кон кој по рок да се насочат.

– Мојата порака за младите во оваа година нека биде: Настрана од коцкарниците, казината и од брзите кредити. Нека нашиот единствен ,,по рок” биде по рокот од нашето детство ,,Еурокремот”