Браќата Михаил и Кристијан си заминале од Австралија за да одгледуваат кокошки во прилепско село

Како што е познато многумина Македонци мечтаат да се иселат во Австралија која пак е дом на многумина нашинци кои низ годините наназад се имат иселено.

Но има и такви, иако во мал број кои се решаваат да се вратат на своите корени, во Македонија. А уште помал е бројот на оние кои што се млади, поточно не се пензионери.

Таков е случајот со Михаил Шемкоски (34), дипломиран туризмолог, и Кристијан Шемкоски (30), режисер/сценарист по професија, поголемиот дел од животот живееле во Австралија, но во 2016-та се враќаат во Македонија, а од пред извесен период нивен дом е селото Зрзе, родниот крај на нивниот дедо.

Како што имат изјавено, македонски јазик не знаеле сè до својата 9-10 година. Иако во Австралија посетувале часови по македонски јазик, јазикот го научиле подобро кога почесто ја посетувавме Македонија.

Тие во прилепско Зрзе направиле фарма. Тоа е родното место на нивниот дедо кој замина во Австралија во 70-тите во потрага по подобар живот.

Иако имале можност да останат во Австралија и да живеат еден друг живот, луксузен и модерен тие се решиле за нешто друго.

Па така сега секојдневние и се кокошките, кафезите, јајцата, сламата, а „први“ другари и се лопатата, гребулата, копачот и слично.