Важи за еден од поголемите критичари помеѓу македонските доктори, а сега јавно го пофали новиот Министер за здравство

Никоа Беќаровски, докторот вработен на токсикологија важи за еден од погласните критичари помеѓу македонски доктори.

Овојпат на својот фејсбук профил изрази одредена доза задоволство и еден вид пофалба за Министерот за здравство.

-Денес успеав да го изгледам петочното интервју на Министерот Фатмир Меџити и морам да признаам дека не паметам кога последен пат размислувањата на некој Министер биле толку блиски со моите, посебно за спојувањето на Клинички Центар во една организациона единица и децентрализација на кадарот од Скопје.

Да се надеваме дека ќе успее заедно со сите нас да ги оствари.Како мој прв личен допринос во неговата визија, спремен сум во било кое време и на било кој начин, да ги посетам сите болници и Здравствени домови низ Македонија, да им помогнам на колегите кои таму работат со дополнителна едукација пред се за третманот на акутните интоксикации но и сите останати интернистички болести.

Можеби не е лоша идеја сите колеги од Клиничкиот Центар кога ќе наполнат 64 години, да им се продолжува договорот за работа до 67 години само ако потпишат изјава дека во тие три години секоја работна недела ќе поминуваат 2-3 дена во некој од Медицинските центри низ Републиката.

Така делумно ќе се супституира недостатокот на доктори од една страна кој е алармантен во сите градови вон Скопје, а и колегите во овие центри ќе има од кого да научат и да се советуваат.