Вероника, Јосиф и Стефанија имаат по само 16 години, се сметаат за најталентирани готвачи во регионот

Имаат по само 16 години,,а со готвење започнале уште пред да тргнат на училиште.Дека кулинарството ќе им биде животен предизвик осознале многу рано…

Вероника Димитрова и Јосиф Минанов од Штип и Стефанија Ѓорѓиева од Радовиш се ученици во втора година во СОУ Коле Нехтенин во Штип.

Таму ги стекнуваат основните кулинарски вештини: Уште од мала негувам љубов кон готвењето па од таму ми дојде идејата да го учам ова.

– Мојата желба за готвење доаѓа од мојата фамилија, поточно од мојата мајка, уште од најмали нозе сум јас со нејзе и готвам, вели Вероника за ,,Телевизија Стар”

Во непроценливото богатство од идеи и инспирација кој ги нуди оваа професија, тројцата талентирани ученици најмногу афенитети имаат кон азиската и домашната кујна како и слатките работи.

– Генерално уживам во готвење на многу јадења, но најмногу би ја издвоила азиската кујна која е некако посебна и вкусна, вели Стефанија.

До завршување на средното училиште тие имаат уште две години, но плановите што потоа ги прават уште сега и се на добар пат.

– Планирам да го продолжам образованието на повисоко ниво и да се задржам во оваа струка, вели Стефанија, а на ова младата Вероника додаде дека исто така би сакала да отвори и своја слаткара.

Освен овие млади талентирани деца, овој смер го изучуваат уште дваесетмина други ученици. Сите тие сонуваат многу успех во професијата која е многу атрактивна.