Ветеранот на ОНА, Хисени за македонските бранители од 2001 вели: Тоа се воени злосторници

Владата тивко го прифати условот на партијата која нема ниту еден пратеник во Парламентот, односно Достоинство на Стојанче Ангелов, за обесштетување на поранешните бранители од конфликтот во 2001 како предуслов да не ја напушти владејачката коалиција.

Ова го вели за Алсат, Даим Хисени од Организацијата на воените ветерани на ОНА, упатувајќи остри критики за нерешавање на статусот на поранешните војници на ОНА, кои според него, немаат никакви законски права.

Хисени вели дека воените ветерани и семејствата на хероите се целосно запоставени и тоа со помош на албанските партии на власт, за да ја поддржат оваа иницијатива на Ангелов со владина одлука.

На плоштадот „Орел“ во Скопје се сретнавме со Даим Хисени од ова организација, кој рече дека партиите кои произлегоа од ОНА прават компромиси за позиции во Владата, заборавајќи го идеалот за кој зборуваат на избори.

„Нашите политички партии материјално и финансиски ги поддржуваат воените злосторници, автоматски сфаќаме дека и тие станаа дел од организираниот криминал, заедно со воените злосторници, кои 100 години ја бранат проруската и просрпската доминација во Македонија.

Дел од оваа политика станаа и албанските партии без оглед дали се позиција или опозиција, кога зборуваме за конкретниот случај“, рече Даим Хисени во изјава за Алсат м.