(ВИДЕО) Бројни пациенти на д-р Јовев со емотивни сведоштва како ги спасил: Правдата во оваа држава мора да победи

Пациенти, но и вработени на Клиниката за кардиохирургија застанаа во одбрана на директорот проф. д-р Сашко Јовев, кој вчера беше разрешен од министерот Фатмир Меџити.

Пред присутните дојде и д-р Јовев, кој истакна дека правдата во оваа земја мора да биде задоволена.

Ова е само дел од поддршката зошто не сакавме да ја правиме уште поголема, да прерасне во нешто поголемо и да се исполитизира. Овде се некој од нашите пациент, се јавија други пациенти, колеги, пензионирани, сакаа да дојдат околу 1300, но и рековме да не доаѓате. Сакаме конечно да победи правдината во оваа држава.

– Минатата недела имав притисоци дека сум направил некаква грешка во протоколот во настан во кој ја пуштивме хибридната сала. Уредно беа поканети и министерот за здравство и премиерот, но за министерот, поканата била касно доставена, а тука јас не можев да се мешам. На
крајот, јас се најдов во средина и кардиохирургија остана жртва. Со ова даваме лоша лекција на сите млади после нас – истакна Јовев.

Тој нагласи дека во нашава земја само успехот не се простува.

– Под мое водство заедно со мојот тим, за осум години направивме ултрамодерна клиника која ги работи сите можни процедури во земјава. За награда, добивме смена на менаџерскиот тим, односно, мое разрешување. Стоиме на ставот дека тимот што победува не се менува. Сакам да нагласам дека не се разрешуваат најискусните луѓе заради ситни пропусти

Пациентите истакнаа дека тој бил многу добар пред се човек но и доктор, кој цело време им бил достапен на пациентите.

Во продолжение може да ги проследите емотивните сведоштва на дел од бројните пациенти.