(ВИДЕО) Влатко Миладиноски направи попис на Македонците во Германија: Мила Македонијо, колку ли не има

Влатко Миладиноски, по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство. Прв избор е и кога станува збор за свадби и слични прослави.

Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи, туку кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.

– По потекло сум од село Јаорец и потекнувам од музичарско семејство, тие ми се репер за успех во животот, не читам многу книги и гледам малку филмови. Во песните впорчем е раскажана една вистинска приакзна од животот.

Влатко Миладиноски, пејач на фолк музика, јавноста го запозна првично како внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски. Денес тој има успешна кариера.

Откако мерките олабавија, Влатко продолжи со настапите, како во нашата држава, така и надвор од границите каде што има наша дијаспора. Пред се со патриотските песни кои ги исполнува со многу емоција се едни од најомилените кај неговите фанови.
Заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус.

Последниот настап им беше викендов по повод празникот Василица и Стара Нова Година во Германија од каде Влатче сподели моменти од настапот.

Мила Македонијо!! Колку ли не има?!!!! Видео од вчерашната забава во Дизелдорф, Германија.!!

Голема благодарност до сите гости и огромен поздрав до сите оние кои патуваа многу километри од други градови, држави и присуствуваа на двете забави!!