(ВИДЕО) Како во најцрните денови во Косово: Горат полициски возила, шок бомби, нереди, на сите страни оклопни возила и вооружени лица

Косовската полиција денеска фрли шок бомби и солзавец врз Србите кои го блокираа влезот во зградата на општина Звечан.

Во еден момент се слушнале истрели, а пристигнало и оклопно полициско возило за да ги пробие барикадите, пишува Косово онлајн. Како што пренесува порталот Косев, Зубин Поток моментално е мирен.

Во Зубин Поток, граѓаните се уште се собрани во центарот на градот, каде што се наоѓаат полициските и општинските згради. Таму има неколку возила на ЕУЛЕКС и КФОР.

Србите од јужната покраина се собраа пред општината во Звечан, еден час по пладне, првичната ситуација беше мирна, но насобраните беа видно вознемирени кога се појавија припадници на „косовската“ полиција.

Недолго по собирот на луѓе, полицајци фрлија солзавец пред зградата на општината за да ги избркаат.

Камионот во еден момент ја блокирал улицата што води до општинската зграда во Лепосавиќ, а камионот бил поставен како блокада. Зад него стоеше едно оклопно возило, како и едно за кршење барикади, што предизвика општа огорченост кај мештаните.

Дваесет минути пред 14 часот косовската полиција влегла во зградата на општината, при што цело време употребила шок бомба, солзавец, а во еден момент се слушнал и рафал.

На снимката која кружи на социјалните мрежи може да се види во пламен возило на косовската полиција.