(ВИДЕО) Марјан, газдата на бикот од Делчево го покажа животнто: Еве, сами видете дали е агресивен, имам сведоци

Младиот сточар Марјан Стојовски од делчевското село Град како што вели е задоволен од она што го рабтои.

Пред неколку дена поради едно од животните кои што ги одгледува на врата му дошле полицајци, а причината е напад на бик.

Сопственикот на домашното животно, потврди дека откако бил известен, заедно со полицијата излегле на лице местото каде се случил немилиот настан.

Не отфрла одговорност и посочува дека полицијата е таа која треба да открие дали има прекршок и доколку е така апелира да превземат соодветни мерки.

Со сигурност тврди дека досега неговиот бик нема направено штета никому, за што како сведоци ги повика луѓето кои ги побарале неговите услуги при оплодување на кравите.

-Мојот бик што го чувам на ланец во цело Делчево од Илиово до Стар Истевник сите крави ги има изводено, со камиончето самиот го носам бикот ги осеменува кравите и пак си гo враќам назад.

На никој досега не правел ништо може да ги прашате сите фармери дали нападнал некој газда да го брка или направил некој инци дент.

Слободно од Илиово до Истевник може сите да ги прашате, а највеќе во село Вирче каде кравите се на мојот бик осеменети, вели пријавениот сточар Марјан Стојов за Делчево365 и додава:

-Ако има некој прекршок нека ме гонат, ако оште тените ако имаат штета исто така нека ме гонат прекршочно. Јас ако сум виновен ќе одговарам, но како што кажав за однесувањето на самиот бик имам сведоци од Илиово до Истевник.

Не барам од никој привилегии ни врски, само сакам нека да дојдат сите во судот и да ја кажат како се однесувал бикот, дали бил агресивен или не, кога ги осеменувал кравите, додава Стојов.

Тој пред камерите на порталот Делчево365 го покажа бикот и порача гледачите сами да оценат дали е агресивен.