(ВИДЕО) Пронајдено возилото на Брзата помош во Кочани – заврши пред црква во бандера

Како што објавивме рано утрово возило на Брзата помош од Кочани било украдено.

Имено истата говори дека е засегната „Општа болница со проширена дејност во Кочани.

Според неофицијални но добро упатени извори, ноќеска од кругот на Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Кочани е украдено едно возило на брзата медицинска помош, марка „Тојота“, пренесува локалниот портал Актуелности.

Вработен од болницатавели дека полицијата извршила увид во здравствената установа, со цел да им се влезе во трага на дрските крадци. Се работи за возило кое Општа болница го доби како донација.

Оваа несекојдневна кражба се случува како продолжение на зачестените кражби на трактори, автомобили и комбиња по кочанските села, кои исчезнуваат на чудесен начин, без да бидат откриени, односно пронајдени.

Последнните имформации велат дека возилото е најдено. Завршило во бетонска бандера непосредно кај градската црква
Првите снимки од местото на настанот ги објави Радио Кочани и може да се видат тука.