(ВИДЕО) Силно невреме го погоди овој македонски град – бројни противпожарни екипи на терен

Од Центарот за управување со кризи пред неколку моменти информираа за големо невреме на територијата на град во Македонија:

„Од 11.45 до 12,30 часот подрачјето на општина Неготино го зафати невреме, пропратено со врнежи од дожд.

Врнежите беа обилни и истите предизвикаа поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН на која беше реагирано на време од страна на ТППЕ Неготино за да не дојде до прекин во електроснабдувањето.

Исто така во с.Дисан има поплава на станбен објект (куќа). ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода.

Има предизвикано материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Интрвенцијата траела од 12.30 до 16,30 часот.