(ВИДЕО) Стојанче Ангелов на лице место: Препорача затворање на уште еден мост

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов повторно денес беше на терен на опасна точка.

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на покана на градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, го посети мостот во атарот на с. Секирник што е видливо оштетен, во лоша состојба и претставува опасност за тие што го користат.

Инаку, иако патот не е асфалтиран, преку мостот е поврзана обработлива земјоделска површина од околу 50 хектари.

„Стабилноста на мостот е нарушена и повеќе од очигледно е дека е небезбеден. Препорачуваме на Општината да ангажираат стручни лица и да видат дали може да се санира или да се изград нов.

Затоа како ЦУК, препорачуваме на Општина Босилово да го затвори овој мост за движење, зошто безбедноста на луѓето е на прво место„ кажа Ангелов.