Влатко Миладиноски откако ја заврши туренјата во Австралија и упати моќна порака на тамошните Македонци

Влатко Миладиноски се огласи на својот фејсбук профл каде што сподели:

Заврши нашата голема Австралиска турнеја 2022 а ние сме конечно дома!! Во овие 38 дена поминавме мноогу километри и многу долго “бевме во облаците!

Поминавме во скоро сите градови ширум Австралија.Видовме многу Македонци,нашинци,пријатели познаници и роднини! Одржавме голем број на концерти и се изнапеавме наши македонски песни

Ова “Terrific trio” (како што не нарекуваа),составено од Влатко/Дамјан/Златко си замина од Австралија со длабоки траги и спомени и со надеж дека сме оставиле мал белег во Австралија со нашата турнеја

За крај благодарност до друштвото “Никола Карев” за прекрасната организација,гостопримството и доделените плакети за најуспешна турнеја(по втор пат).

Поздрав и благодарност до сите наши блиски луѓе кои во одредени места беа цело време со нас и покрај нас. Бесценета подршка.

Ние продолжуваме понатаму со нашите активности периодов Живи здрави и весели да се гледаме за убави нешта и на убави места!