Внуката на Ѓорѓи Колозов тргна по неговите стапки: Царската лоза продолжува

Македонски народни приказни кај многумина будат носталгија. Како што е познато тие се се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби.

Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.

Со должна почит кон сите актери, но едно име и тогаш, а и сега иако веќе со години го нема помеѓу нас, предничеше. А веќе сигурно погодувата за кого станува збор.

Ѓорѓи Колозов еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец.

Но, она што го споделија администраторите на фејзбук страницата посветена на Ѓорѓи Колозов предизвика радост кај многу Македонци. Имено, ќерката на Катерина Колозова, т.е. внука на Ѓорѓи продолжува по неговите стапки.

„Царската лоза продолжува…по деветнаесет години од смр тта на царот, втората генерација од неговото поколение, имено неговата внука од ќерката Катерина, Исидора денес беше успешно примена на академијата за глума во Берлин!

Крушата под круша паѓа. Каде што еднаш извирало вода таму пак ќе извира! Честитки и успех на младата амбициозна дама!

П.с на фотографијата, Ѓорѓи Колозов еден месец и пол пред неговата см рт, со едена и пол месечната внука Исидора, пред 19 години.“

И нејзината мајка, Катерина Колозова ја објави радосната вест на нејзиниот профил: Гордост: Исидора Хениг примена во академија за глума во Берлин. Каде, што, кога, не е мое да кажам. Честито, ќерко моја.