Во пресрет на летната сезона во Хрватска пристигна добра вест за Македонците крај крајбрежието

Како што е познато голем број Македонци во изминатите години заминуваа на сезонска работа преку лето во Хрватска. А овој тренс псоред најавите се очекува да продолжи и годинава.

Во најголем дел тоа се работи во угостителството, но и други гранки. Па така за македонските работници, но и туристите од нашата држава кои ќе одат на хрватското крајбрежје пристигна добра вест.

Имено авиолинија на релација Скопје–Сплит, од 12-ти мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит.

Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12-ти мај до 14-ти октомври 2023 година.

Во овој период, Кроација ерлајнс ќе сообраќа со воздухоплов Даш8 400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок.

Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник / 23:00 часот во петок, додека времето на заминување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути.

За да го означи воведувањето на новата сезонска авиолинија Скопје – Сплит, Кроација ерлајнс ќе им понуди на патниците 15 отсто попуст за купување авионски карти во периодот меѓу 15-ти и 21-ви март, и за билетите во една насока и за повратните билети.

Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде поврзан. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје–Загреб секој ден.