Германката порача да не се става пари во џеб на лекарите, па нашиот познат доктор и порача: Белиот мантил во Македонија никогаш не била добро платена професија

Германската амбасадорка во Македонија Анке Холштајн пред неколку дена порача до луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил.

На ова и реплицираше нашиот познат доктор кој и се обрати преку својот фејсбук профил

На ова реши да возврати Почитувана Ваша ексцеленцио Дозволете накусо да Ви одговорам на Вашите луцидни и оригинални совети за спречување на корупцијата во мојата земја.

Како човек кој 33 години работи во јавното здравство, најодговорно Ви тврдам дека >90% од здравствените работници во Македонија, најсовесно си ја вршиме својата работа и никогаш не би побарале или зеле мито од било кој пациент, иако платата на секој здравствен работник во мојата земја, е помала од две обични дежурства на соодветен здравствен профил, во Вашата прекрасна земја.

Најголем дел од здравствените работници во мојата земја се материјално сиромашни, но многу чесни и вредни работници, кои својата професија ја одбрале од љубов, а не за материјален интерес, бидејќи носењето на белиот мантил во Македонија, но и во екс Југославија, никогаш не била добро платена професија.

Всушност секоја година 200-300 здравствени работници од мојата земја, ја прифаќаат Германија како своја втора татковина и ниту еден од нив, никогаш не бил вклучен во било каков коруптивен скандал во Вашата земја, туку напротив трудољубиво и беспрекорно се вклопуваат во Вашиот перфектно уреден здравствен систем.

Почитувана амбасадорке, ако навистина сакате да и помогнете на мојата земја и да ни помогнете да ја обелиме извалканата боја на нашите мантили од корумпираните наши колеги, натерајте ги пратениците во собрание веднаш да да донесат закон за потекло на имотот од 1991 година до денес.

Со тој едноставен законски акт ќе се направи јасна диференцијација во целото општество, а не само во здравството и образованието.

Почитувана екселенцијо, на крај дозволете најдлабоко да Ви се заблагодарам Вас како амбасада, на Вашиот претходен амбасадор и на сите германски државјани, за посетата и донацијата обезбедена од Ваша страна за УК токсикологија во 2017 година, во медицински инвентар кој се уште секојдневно се користи од нашите пациенти и да

Ве поканам и вие да ја посетите нашата Клиника и непосредно да се запознаете со медицинскиот персонал.Со должна почит Проф. д-р. Нико Беќаровски