Ги видел цените за куќите, па решил сам да си прави и заштедил 40.000 евра

Маркетинг менаџер од Англија тврди дека заштедил речиси 40 илјади евра со тоа што сам ја реновирал куќата. Тоа го направил за само шест месеци, а сите вештини и знаења ги стекнал учејќи од видео инструкции на Јутјуб, пишува Дејли
Меил.

Скот Багели вели дека проектот го презел откако професионалните градежници за истата работа побарале повеќе од 50 илјади евра.

Тогаш 30-годишникот од Стоук-он-Трент се обратил до онлајн упатства за помош. Тврди дека на крајот потрошил само околу 12 илјади евра.

– Бидејќи сите градежни работници беа зафатени, почнав да учам за градежништвото на Јутјуб и така ги добив вештините.

Кога почнав со реновирање на покривот, на почетокот беше исклучително тешко без стручен кадар. Се пла шев да се качам на покривот.

Бидејќи што не знаев што правам – рекол Багали, кој набрзо ги повикал градежните инспектори да се уверат дека тоа што го прави е во согласност со законот.

Најголемиот проблем во изградбата се случил кога Багали случајно го пробил бетонот и уд рил во оловна цевка, поради што морал да ја прекине работата и да го поправи целиот систем.

– Сепак, балансирањето на канцелариската работа, која ја работам секој ден од девет до пет и обврските што доаѓаат со раѓањето на мојот син, со изградбата на оваа куќа сепак беше најтешката работа во овој процес – заклучува Багали.

– За среќа на крајот успеав во овој проект, благодарејќи на платформата каде што гледав стекнав доста познавања од многу области.