Дедо Ристо од Штип денес слави еден век живот – проговори кога најубаво се живеело

Денес за Ристо Насков од приградската населба Стар Караорман кај Штип е посбен ден. Слави 100 години живот. Во моментов по неговиот брат Симе Насков кој има 103 години и е најстар жител на државата.

Дали сеуште виталниот за возраста Насков се надевал дека ќе доживее ваква старост.

„Фала му на Господ што живеам 100 години, од утре 101“ вели Ристо пред камерите на Тв Стар.

Со 100 години зад себе тој има огромна животна историја. Кои се моментите на кои најмногу се сеќава.

„Овој век беше многу добар, особенов во Југославија, додека Тито беше жив. Слобода, никој не смее да те дирне, дека сакаш одиш. А сега е тешко“ додава дедо Ристо.

Сега сеуште подготвениот за разговор и живот Ристо Насков деновите ги минува активно, но од своите навики никогаш не се одкажал.

„Јадам бурек, јабучки, банани, слатко нешто, тулумбички. Пиво слабо, а ракиичка понекогаш по една голтка“

Освен главната потпора семејството, овде е и неговиот постар брат Симе со кој секојдневно се во дружба и речиси нема момент да не ги враќаат деновите назад.Без оглед на годините тие гледаат и напред.

„Желба ми е да бидеме живи и здрав братми и јас, сакам сите да си дочекаат барем 100 години, да бидат спокојни луѓето, добро да живеат.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Стар.