Дедо стана хит: Барам баба која знае да готви и да се бакнува – и нуди неверојатни услови

Доказ дека љубовта не познава години е дедо од Србија кој стана предмет на внимание на социјалната мрежа Тик Ток.

Имено, дедото објави видео во кое напиша дека бара жена која знае да готви и да се бакнува.

Оваа објава насмеа многумина, а дедото го растажи тоа што доби многу негативни коментари.

– Ми треба баба до 79 години која знае да ми подготви јајца и којаќе ме бакнува и готви супи – напиша старецот со слика на која пие ракија и држи куче во скутот.

По големиот број коментари, тој објави уште едно видео за да ја разјасни својата „реклама“.

– Добив многу негативни коментари. Сакам сериозна врска. Имам пензија од 120.000 динари, на жената секој месец ќе и давам по 50.000 динари. Од 65 до 79 години ми треба баба – додал по неколку часа.

Некои се пошегуваа дека и покрај ваквите услови би се согласиле да ја играат улогата на баба, а од друга страна некои сериозни дами го контактирале и коментирале дека не се важни парите, туку љубовта.