Диџеј Мац: Културно со кола отидов до ресторанот, а ова однесување, стварно не знам

Диџеј Мац како што е познат во јавноста и на професионално поле или Марјан Петровски е еден од нашите јавни личности кои често се огласува на социјалните мрежи и без да трепне се што му лежи на срце искажува.

Марјан Петровски е човек со големо срце кој покрај музиката е познат и по хуманите работи и знае да помогне таму каде што е најпотребен.

На својот Фејсбук профил изреволтиран ја спомна ситуацијата со матурантот кој несоодветно се однесувал спрема полицаец, па објави:

Културно со кола до ресторанот отидов како нормален човек … а ова денешново однесување … се качил на кола мислиш којзнае што завршил …мислиш се убил од учење учење …..

па и да учел зарем вака треба да се однесува … Две ипол години корона … пола година онлајн предавање имаа,ете и една година без учебници … и ОН се качил на кров и со среден прст кон полицаецот

Јас стварно не знам денешниве деца зошто се вакви или зошто се не вос пи та ни. Зафатени биле родителиве со седење по мобилни …