Добитници на награда од Златна Бубамара ја продаваат статуетката – целта и позадината е сосема јасна

Годинава на 16ти март беше одржано овогодинешното издание на „Златна Бубамара на популарноста“ на која беа доделени многу награди.

Секако една од најзалужените награди е наградата за група на годината доделена на групата ДНК. По тој повод членовите на ДНК – Владимир и Андреј, споделија на Фејсбук

– ДНК – ГРУПА НА ГОДИНАТА за 2022 на златна Буба Мара!!Од срце сме ви благодарни за целата поддршка која ни ја давате изминатите 20 години, а посебно изминатата која воедно ни беше јубилејна и заедички ја ставивме круната на нашата кариера во преполната “Борис Трајковски” арена.

Ќе постоиме се додека не пратите, и ви ветуваме дека ќе следи уште многу нова музика од нас. Најголема благодарност до нашиот трет член и брат Лазар Цветкоски кој е најзаслужен за нашето постоење и воедно одговорен за сите песни кои допираат до вашите срца, стои во дел од објавата.

Но, дека ДНК навистина заслужува и многу повеќе од оваа награда покажува фактот дека како група имаат и хуманитарна страна што ја покажаа со најновата објава:

Драги наши. Нагардите до секогаш биле добредојдени за еден уметник како мало признание за трудот и сме преблагодарни на Ранко Петровиќ и Златна Бубамара за дадената награда и укажаната чест за истата.

Оваа наша награда решивме да ја ставиме на “лицитација” и средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за фондацијата “Марко Божиновски” кои помагаат на сите оние места и фамилии каде што е потребно и каде што државата нема слух за истите.

Почетната цена на статуетката ќе биде 6.000ден. и искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Сопственик на статуетката ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (напишана во коментар),

а статуетката ќе биде предадена лично од нас во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот најнов албум “ДВАЕСЕТ” и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената “Борис Трајковски” Ви благодариме за вниманието и би ве замолиле да го споделите статусот се со цел да стигне до што поголем аудиториум.Ваши, Панчо и Андреј