Додека многу Македонци сонуваат за Германија, на глобално ниво се намалува интересот на странските работници за нејзе

Германија губи на омиленост во глобалниот натпревар за стручнаци и основачи на фирми. Според студијата на фондацијата Бертелсман, Германија на ранг листата на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка (ОЕЦД) од 2019 година паднала од 12 на 15 место.

Студијата го анализира ОЕЦД-индексот „Индикатори за привлечност за таленти“, кој опфаќа различни фактори кои се важни за квалификуваните мигранти.Притоа се работи за професионални шанси, плата и даноци, изгледи за иднината, можности за членовите на семејството или добивањето виза.

Според индексот, земји на ОЕЦД кои се најатрактивни за висококвалификувани стручњаци се Нов Зеланд, Шведска, Швајцарија, Австралија и Норвешка. Условите во Германија не се влошени од последното оценување во 2019 година, но другите земји се подобрија и со тоа ја престигнаа Германија во рангирањето.

Според податоците, за претприемачите најпривлечни се Шведска, Швајцарија, Канада, Норвешка и Нов Зеланд. Германија тука падна од 6-то на 13-то место. Како главен проблем се посочува бавната дигитализација.

За разлика од други земји, Германија има граница на минимален капитал кој мора да се вложи, а и прифаќањето на мигрантите е помалуо отколку на други места.

Првпат за индексот на ОЕЦД во 2023 година се истражувани и рамковните услови за основачите на фирми. Тука најпривлечни се Канада, САД, Франција, Верлика Британија и Ирска. Германија е на 12 место. Причина се малите професионални шанси, премалиот број иноватори и немањето „виза по мерка“.

„На Германија ѝ требаат квалификувани работници, вклучително и оние од странство, за да го обезбеди својот просперитет.

Меѓународната споредба јасно покажува што треба да направи Германија за да ја направи миграцијата на квалификувани работници, што е толку важно за нашата земја, уште подобра“, вели Ралф Хек, директор на фондацијата Бертелсман, пренесува Дојче веле на македонски јазик.