Докторот Есати од тетовско Теарце е херој на дено: Иако пензиониран, работи волонтерски и спасува човечки животи

Позитива на денот или херој на денот. Како сакате наречете го. Имено доктор Абдулџелал Есати, познат по прекарот како доктор Џеки иако е во пензија и понатаму волонтерски работи, а доказ за тоа е и последнио случај.

Изминатата недела во тетовско Теарце, работник паднал од бандера, ја ск ршил ногата и имал потрес на мозокот. Прва помош, а со тоа најверојатно и спасен живот, добил од пензиониран лекар, кој пак вели дека и понатаму волонтерски ќе помага на сите луѓе при секакви прилики.

Доктор Есати живее во Теарце, па тоа што го повикале и веднаш дошол на лице место и во голема мера помогнало повр едниот да се соочи со помали последици, односно тој веднаш ја имобилизирал скр шената нога и ги повратил виталните функции кај работникот.

– Во брзата интервенција почесто може да се греши, ако нема особа, доктор, која ќе ја координира состојбата бидејќи ако сакаш да и помагаш на наст раданиот, тогаш од неспремност и неискуство може да настане катас трофа.

Да почнеме од горе, вратна кичма, ако има пов реда на вратна кичма или некој пршлен, со поместување непрофесионално му одмагаш на болниот и може да има инва лидитет.

Заврши задоволително, пациентот беше контактибилен, ми се заблагодарија колегите што дојдоа од Итна медицинска помош, па потоа ми се јави дежурниот анестезиолог Рувиде Скендери и ортопедот Митра.

Ми рекоa: Ништо повеќе не направивме, болниот го транспортиравме за Скопје поради фрактурата што не може да се реши во Тетово, се потсети докторот инаку специјалист по анестезиологија.

При помогањето на повр едениот паднат од бандера, тој вели дека добра околност била што веднаш нашол вена на раката за да му даде инфузија за да се поврати од дезориентираноста и шо кот во кои се нашол по пад од шест метри.

Со себе секогаш носи опрема и затоа имал можност веднаш да му помогне на повредениот. Куферчето со медицински апарати и опрема му стојат подготвени во неговиот автомобил.

– За среќа се погоди вената. Ја превенирав бол ката со аналгезија. Ја имобилизирав ногата. Ако не се имобилизира ногата тогаш е џабе да се даде аналгезија, превентива на бол ката затоа што поместена е таа анатомска структура и е болна.

Шо кот го надминавме со инфузии , ја покачив тензијата, стана контакбилен. Во кола имам и постојано ја носам опремата за да можам да помогнам. Сум поминал граници со таа опрема, рече докторот на средба со тетовските новинари.

Иако е пензионер, вели нема да прекине со безрезервната помош каде што ќе го повикаат.