Досега невидено во „Ѕвездите на Гранд“: Саша Поповиќ со топломер го провери Македонец кој иако со висока температура издоминира

„Ѕвездите на Гранд“ е едно од најпознатите музички шоуа кое опстојува со децении на сцената, а низ истото поминале многу музички таленти од кои дел од нив веќе се и изградени пејачи.

Како што е познато во секоја сезона запазена улога имаат и учесници од Македонија, па таке е и војпат.

Во последната емисија имаше неколку Македонци, а еден од нив беше 31-годишниот Јасмин Алиевски од Скопје за кој ова е седмо учество во ова шоу.

Тој со шест гласа помина во следниот круг каде што се пласираше директно, но по крајот на својот настап и откритието неговиот успех доби поголема тежина.

Имено пред настапот имал телесна температура 38.5, но и покрај тоа решил да настапи и се напил парацетамол.

Како што објави неговиот ментор Ѓорге Давид, Јасмин исто така бил теситиран и на ко вид, но бил негативен.

Кога оваа информација беше споделена со гледачите и останатиот дел од жирито, за да се потврди веродостојноста на ова, Саша Поповиќ настапи на сцена.

Извади топломер кој му го даде на Јасмин Алиевски, а откако го држеше под пазув неколку минути, истиот покажае дек температурата му е 37.8

„Јасмин е најдобриот кандидат досега од Македонија“ кажа меѓу другото Саша Поповиќ по неговиот настап.