Дојдоа во Струга и се вработија: 90 Украинците си ја најдоа среќата во Македонија

Како што е познато голем број Украинци во изминатата година се раселија од својата држава поради добро познатата ситуација.

Помал дел од нив, прибежиште и шанса за нов живот пронајдоа и во Македонија.

Германската комора во Македонија соопшти дека ОДВ Електрик, странскиот инвеститор кој има фабрика за производство на електронски компоненти за автомобилската индустрија во ТИРЗ Струга, вработил 90 работници од Украина кои ќе работат во погонот во Македонија.

„Солидарност во тешки времиња: Компанијата членка ОДВ-Електрик Македонија им подаде рака на деведесет украински работници

Подадената рака кога е најпотребна значи многу. ОДВ-ЕЛЕКТРИК во своето работење во ТИРЗ Охрид – Струга, во тешки времиња, ангажираше тим од околу 90 вработени од Западна Украина, давајќи им можност да живеат за себе и за своите семејства“, гласи соопштението на комората.

Извршниот директор на ОДВ Електрик, Огнен Цубалевски, истакна дека во јната во Украина промени многу работи на светската сцена.

По успешниот трансфер на технологија, производството на германската компанија во Струга, каде што се вработени речиси 1000 вработени, е зголемено за речиси 70 отсто во однос на претходната година.