Душко од каменичко Саса дури деветпати ја заобиколил земјината топка: Додека нозе ме држат ќе пешачам

Душко Иванов е еден од ретките кој добро се чувствува и по 30 поминати километри. Овој 55-годишен човек од с. Саса, Македонска Маменица тврди дека оваа километража ја минува од свои 5 – 6 години.

– Јас уште од мали нозе пешачам и пешачењето ми причинува задоволство поради тоа што и школото ни беше оддалечено неколку километри и секојдневно пешачевме.

Одевме и по стока, по планини и извршување на други земјоделски работи во село и цело време бев во трчање. Имам одено на повеќе релации – од Саса до Крива Паланка, Кочани – Пониква, Пониква – Саса, Саса – Кочани, Берово до граница Клепало и по други села и планини, вели Душко.

Сфатил дека може многу и на двете нозе се чувствува исто како на четири тркала. Во два наврати пеш ја заобиколил Македонија.

– Поводот беше поради тоа што живеев на село и во тој период не бев работно ангажиран и ми дојде таква идеја зашто да не направам еден подвиг, еден маратон. Тоа беше во 92ра, 93та.

подвигот на душко не останал незабележан, тој бил гостин на двајца македонски претседатели – сега покојните Киро Глигоров и Борис Трајковски. Иванов сега работи во грчка компанија Интеркат во Штип.

Не сметал досега колку километри вкупно има поминато,но се работи за бројка од околу 350.000 километри или деветпати пеш ја има заобиколено земјината топка.

– Многу ретко ме забо луват нозете, јас колку пешачам и пак не ме болат. И на двата маратона што ги имав до границата не ми претставуваа проблем, објаснува Душко за Телевизија Стар. Целиот прилог може да го погледнете на ТВ Стар.

Јас сега имам 55 години и уште ме држат нозете. Не чувствувам некои тешкотии, воопшто не се чувствувам како 55 години. Имам сила и волја за пешачење. додека нозете ме држат и додека можам ќе пешачам.