Д-р Атанас иако прв на ранг листа со максимални 100 поени не го примиле, па сега работи во странство

Сведоци сме дека се поголем е одливот на медицински персонал, пред се доктори од државата. Од друга страна и на многу млади доктори кои сакаат да работата во државата, извисуваат па мора да се спакуваат и да се иселат.

Таков беше случајот неодамна на младите доктори Андреј и Столе од Кочани кои иако подобро рангирани, на нивно место беа примени послабо рангирани во Итната помош Кочани.

Со сличен случај се соочил Атанас Павлески стоматолог од Скопје кој сега работи во Луксенбург иако имал желба и сакал кариерата да ја гради во Македонија.

„На секои две недели заминувам од државата, останувам таму две недели и потоа се враќам. Тоа е една рутина секој месец.Меѓу колегите сум добро прифатен.

Едноставно работам на покомплицирана случаит. Еве веќе една година сум со работна задача во Луксембург“ вели Атанас за 360 степени.

Павлески дипломирал стоматологија на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерски студии завршил во Франција, на унивезитет рангиран меѓу 150 најдобри во светот според Шангајската листа.

„На ‘Париз 5’ или Факултетот за дентална хирургија Монтруш имам постдипломски студии од областа на технологија на дентални материјали, а исто така и протетика.

А на ‘Париз 7 Ганансиер’ имам завршено високи студии од областа на оралната хирургија и магистерски студии во комбинација со ‘Париз 7’ и ‘Париз 5’ од областа на клиничка специјализирана букална хирургија“,

Со вакво импресивно образование, знаења и вештини, престиж му било да се вработи на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ во Скопје.

Во септември 2018 година видел оглас во еден од дневните весници и решил да конкурира. Вкупно 25-мина влегле во потесниот избор, а Павлески бил прв на ранг-листата и единствен со 100 поени пред последниот дел од конкурсот – интервју со директорот.

Во известувањето што го добил, на негово изненадување, меѓу примените на работа го немало неговото име.

„Во тоа известување чинам дека имаше осум кандидати, наведени имињата и немаше никакво образложение зошто сте одбиени“,
вели Павлески.

Биле примени третиот, петтиот, деветтиот, единаесеттиот, дванаесеттиот, тринаесеттиот, четиринаесеттиот, па дури и дваесет и првиот од ранг-листата и тоа со само 49 поени.

Поднел жалба на која добил одговор од второстепена комисија во кој стоело дека директорот го употребил законското дискрециско право – при вработување да го има последниот збор.

„Само сакав да знам со кои квалификации се примени колегите што се одобрени за примање. Да видиме за што се работи, дали се почитуваат некои вредности, закони итн., меѓутоа тоа не го добив“.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на 360 степени.