Д-р Вело Марковски со известување до јавноста: За жал злоупотребено е моето име и моите слики

Д-р Вело Марковски важи за еден од попознатите македонски доктори, како поради своите успеси на професионално поле, така и поради својот приватен живот.

Еден од најпознатите македонски инфектоголози, Вело Марковски стана мошне популарен и со неговите бројни гостувања во телевизиите со неговите ставови во врска со вирусот.

Како еден од најстручните инфектолози и искусен професор, тој често гостуваше во медиумите, а неговите емисии предизвикаа внимание и надвор од нашата држава.

Инаку, Вело Марковски е професор и на катедрата за инфектологија на Факултетот за медицински науки при УГД „Гоце Делчев“ во Штип.

Д-р Вело е во брак со неколку години помладата поранешна манекенка и мисица Евгенија Маркоска со која имаат две дечиња – син и ќерка.

На социјалните мрежи ретко споделува објави, освен во посебни прилики – кога споделува нешто од професионалниот живот, но и преработки на македонски народни песни.

Овојпат д-р Вело Марковски имаше потреба да се огласи поради лажни вести кои се прошириле на медиумите, а кои го засегаат неговото име:

Почитувани Сакам да Ве известам дека не сум дал никакво интервју за подршка на било каков медицински препарат или лекарство, ниту пак интервју за препарат Празол….За жал злоупотребено е моето име и моите слики. Со почит Проф др Вело Марковски