Д-р Нико: Следниот пат кога ќе пцуeтe дека нема слободен термин за преглед во болниците, потсетесе се на ова

Докторот Нико Беќаровски како и многупати претходно, така и сега со својата најнова објава на својот фејбук профил привлече вниманние.

Следниот пат кога ќе пцуете дека нема слободен термин за преглед во болниците, дека нема кој да им подаде гуска или лопата на болните, дека медицинската сестра брзо ја пушта инфузијата со лекови, потсетете се на ова табела.

За жал во изминативе две години овој број од 705 е паднат далеку под седумстотини и секојдневно драстично паѓа.

Со ваков однос кон здравствениот работник во најскоро време, во Македонија ќе има повеќе рисови по планините од медицински сестри и доктори во јавните здравствени установи.

А во вакви услови, никој и од никаде нема да дојде да работи место нас.

Македонија на 15.000 жители има еден Пратеник во Собрание со енормно високи износи за патни трошкови, што ја става на прво место во Европа.