Еден од најпознатите германски модни ланци прогласи банкрот

Живееме во време на голема економска кри за, која главно е последица на случувањта на исток, како и на корона вирусот.

Животниот стандар се зголемува а се повеќе газди веќе не можат да го издржат при тисокот и побарувачките за опстојување и се одлучуваат да стават катанец.

Ваквиот сплет на настани не ги одминува ниту едни од најголеми трговски модни ланци, кој тешко можат да се изборат и да опстанат.

Најголемиот германски моден трговски ланец Пик анд Клопенбург КГ, со седиште во Дизелдорф прогласи банкрот, пренесува списанието ,,Феникс”

Според германските медиуми, барањето за стечај на германската компанија е поднесена во Окружниот суд во Дизелдорф во 12 часот. Адвокатската фирма Андреас Парнтерс од Дизелдорф наводно е назначена за приемник.

Томас Фројд од менаџментот на Пик анд Клопенбург КГ, изјави дека модната трговија е во голем пад и тешко е да се опстанува.

– Ова се однесува на Пик анд Клопенбург КГ Дизелдорф, како и на целата индустрија. Се уште функционира луксузниот сегмент и делот за попусти, но бизнисот пропаѓа.

– Ова се однесува дури и на онлајн бизнисот, со кој ретко кој продавач на облека заработува пари, вклучително и ние.

– Нам ни е јасно дека мора брзо да преземеме контрамерки и да ја вратиме компанијата на вистинскиот пат, додаде Фројд.