Еден од најпознатите инфектолози и херој во пандемијата би можело да е нов Министер за здравство

Централното претседателство на Алијанса за Албанците неделава ќе формира комисија која треба да преговара за евентуален влез на партијата во Владата или за останување во опозиција.

Откако Централното собрание викендов го овласти раководството да ја донесе конечната одлука.

Алијанса во сабота за време на Собранието на Централното претседателство одлучи да формира комисија за разговори за влез во Владата.

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе се сретне со лидерите на коалициски партнери на СДСМ.

Ковачевски денеска изјави дека разговарал и оти и денеска ќе разговара со добар дел од коалициските партнери, во однос, како што рече, на темите што се значајни за работењето на Владата, а од интерес за граѓаните.

Веќе во јавноста започнаа да прострујуваат имиња за кадровските позиции, а секако најинтересно е она за здравство.

Инфектологот Фадил Цана е можниот кандидат за министер за здравство од Алијансата за Албанците во случај партијата да влезе во Владата, информира Клан М.

На прашањето на Клан Македонија до Фадил Цана дали е можно тој да биде идниот министер во Министерството за здравство, тој кусо одговори дека за тоа треба да одлучат партиските органи.

– Партиските органи ќе одлучат дали јас ќе бидам идниот министер за здравство – изјави Фадил Цана.

Инаку Цана беше еден од најистакнати инфектолози за време на ко вид пандемијата, постојано беше во јавноста,а имаше и бројни пофалби од пациентите.