Емина иако има само 16 години веќе одгледува бикови и вози трактор

Во руралните средини, растењето со себе носи низа задачи со кои младите се среќаваат уште од раното детство. И во такви услови се создаваат некои необични навики и занимања.

Една приказна за ваквото воспитување доаѓа од Бугојно, а главен актер е Емина Ќатиќ (16), чија најголема љубов се биковите и бор бите со бикови.

Имено, Емина е најмладата сопственичка и тренер на бикови во Босна и Херцеговина. Во својата штала има шест сортни бикови.

Таа е прва година средно училиште, а Емина покрај љубовта кон биковите на семејството му помага и во земјоделството.

Емина на Јутјуб каналот ,,Татрабрада” ги претстави своите три бикови, од кои, како што вели, омилен ѝ е Рони, во кој првпат се заљубила кога била мала.

А љубовта кон биковите и ја всадиле родителите, кои уште одамна почнале да чуваат бикови, па не и било тешко и самата да почне да се грижи за нив.

– Првиот пат кога влегов во шталата и почнав да ги работам тие работи, бев четврто одделение, имавме тогаш стар бик, тежеше можеби 850 килограми, но знаеше да ги боцка сите по малку.

И го извадив еднаш сама, а тој не сакаше ништо да прави едноставно мрзелив беше, го тренирав, го водев… – вели Емина, објаснувајќи дека од мала не се плашела околу толку големи животни.

Токму тоа била причината што таткото и купил бик само за неа, бидејќи рекол дека видел дека таа знае како да се справи со нив. Така набргу потоа почнала да тренира заедно со нив, за подоцна да оди на корида со својот татко.

Првиот настап бил како што вели на собир во Бајра арената во Доњи Вакуф. Оттогаш се појави вистинска љубов кон овие манифестации.

Таа признава и дека имало и победи и порази, но не е загрижена, вели со напорна работа ќе дојдат повеќе победи и подобри резултати.

– Меѓу биковите има еден од кого татко ми се пла ши, а јас не. Па јас секогаш го вадам надвор. Иако има еден што му е омилен Јеленко, тој е стар.

– Кај биковите најважна е исхраната. А потоа доаѓаат тренинзите. На пример, тренинзите се воведуваат секој втор или трет ден, а кога ќе се договори бор ба, тогаш тренираме секое утро или вечер.

– На пример, на моите врсници во училиште им е смешно. Времето го поминуваат на социјалните мрежи. Не ми се допаѓа толку многу. Повеќе време поминувам околу воловите.

Исто така, иако има само 16 години, Емина вози трактор, подготвува храна за своите миленици и успева да биде успешна на училиште.