Емина и Мустафа се запознале на психијатрија, ги зближил истиот проблем но и покрај сиромаштијата опстојуваат 8 години заедно

Судбината сакала Мустафа и Емина да се сретнат на необично место и поради тешките животни околности да најдат начин за подобар живот.

Мустафа и Емина Хоџиќ од селото Богановиќи во БиХ имаат необична љубовна приказна. Двајцата ги споил тешкиот живот во крајно необично место, психијатриска болница.

– Мојата животна приказна е многу тешка. Во брак бев 11 години, од тој брак имам две деца. Во тој брак се разболев, и отидов на лекување на психијатрија. Сите ме оставија, вклучително и мојот сопруг и децата – ја започнува приказната Емина.

-Кога отидов на психијатрија го запознав Мустафа и веќе осум години сме заедно. Таму ми дадоа само некои лекови, што ми беше се полошо и полошо. По осум дена докторот ме пушти на социотерапија.

Тоа подразбира круг на луѓе каде што доаѓаат пациенти кои се „малку поздрави“. Тогаш го видов Мустафа, тој седеше мирен, молчеше и гледаше што се прави – раскажува Емина со солзи во очите.

Мустафа пак 10 години работел како професор во гимназијата, а останал без работа по сериозен здравствен проблем што го снашол.

Сите пари што ги заработил бил принуден да ги даде на лекување, поради што немал средства да ги купи ниту основните животни потреби.

– Мојата главна професија е висококвалификуван столар, завршив и педагошка академија за да можам да предавам на училиште. За 10-те години што работев во училиштето, создадов три генерации столари.

Истиот ден биле примени на психијатрија, а Мустафа кога ја видел Емина веднаш знаел дека таа е љубовта на неговиот живот.

-Веднаш ми се допадна, тогаш почнав да прашувам за неа. На Емина и беше многу лошо, примаше сил на терапија. Почнавме да разговараме за време на социотерапијата, деновите минуваа и еден ден ја прашав дали сака да се омажи за мене – вели Мустафа.

Кога дојдовме дома, немавме ништо. Имавме само кревет, фрижидер, гардероба и шпорет. Добрата вест е дека Мустафа е добар рибар и ние живееме овде во близина на реката.

Со нас нема никакви несогласувања. Нема човек што би можел да го замени за мене, да не беше тој кој знае што ќе ми се случеше – вели Емина.

-На луѓето им е најважно да се скромни. Треба да знаеш да сакаш. Човек кој не е скромен нема да знае да сака искрено.

Човекот може да биде среќен само кога е задоволен со она што го има. Никогаш не би ја напуштил Емина, ја сакам бескрајно, и неа и нејзините деца, на кои гледам како да се мои – вели Мустафа за телевизија БН