Жан Митрев повеќе не може да молчи, па јавно ги објави своите сомнежи за она што веќе извесен период му се прави

Од клиниката Жан Митрев која е во сопственост на истиомениот познат македонски доктор се огласија денес до јавноста и притоа објавија:

Клиника Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека во континуитет изминативе седум месеци болницата се соочува со координирани постапки од повеќе чинители со намера да се влијае на редовното работење на болницата.

Во неколку наврати на порталот ДоказМ се објавуваа текстови базирани на информации во предистражната постапка во кои беше најавувано какви мерки ќе бидат преземени против Клиниката Жан Митрев.

За овие индиции за поврзаност да бидат уште поочигледни, се случи токму тоа што го бараше ДоказМ во текстот на порталот со датум 15.11.2022, односно да се блокира сметката на Клиника Жан Митрев и да се забрани продажба на удели! (ОДЛУКАТА е во прилог на ова Соопштение)

Три дена после објавата на овој текст на датум 18.11.2022 Јавното обвинителство донесува идентична одлука како бараната од Доказ М со која ја усвојува мерката и ја блокира сметката на Клиника Жан Митрев!

Да потсетиме дека цели три недели сметката на Клиника Жан Митрев беше блокирана и со тоа се влијаеше на редовното работење на болницата. Одлуката беше обжалена, забраната тргната. Иако клиниката сега не е блокирана, можноста за повторно блокирање се уште постои поради тоа што судот ја врати одлуката на повторно разгледување.

Јавно прашуваме: Како одлуките на една државна институција се случуваат врз база на она што го пишува порталот ДоказМ?

Дали и со каква позадина се пишувањата на ДоказМ, а поврзани со Клиниката Жан Митрев?

Дали некој сака намерно финансиски да ја уништи Клиниката Жан Митрев и нејзиното работење преку свесно блокирање на 90 милиони денари?

Кој стои зад овој организиран притисок и со намера за нанесување огромна штцета на Клиниката Жан Митрев?

Дали целта на оваа хајка и операција е непријателско преземање на клиниката преку нејзино носење на раб на економски пропаст за да може да се преземе по багателна цена?

Дали некој е свесен во оваа држава дека дневно нашиот тим се бори за над стотина човечки животи?

Во контекст на задржување на транспарентноста и барање одговори, ќе бидат известени Хелсиншкиот комитет, Комисијата за заштита од дискриминација, како и Советот за етика во медиумите.

И, зошто се случува се ова да ги повториме бројките од важност за јавноста.

Да потсетиме дека од вкупниот број хоспитализирани пациенти од КОВИД-19 во земјата, само неполни 10% беа лекувани во клиничката болница Жан Митрев со успешност од 76,4% преживување.

Од оние 280 лица кои се чувствуваат ошт етени/из мамени (по листата од ОЈО) 43% се преживеани лица, а поч инатите претставуваат 1,6% од вкупниот број поч инати во Македонија.