Жена му го оставила со седум деца поради љубов на Фејсбук, а тој последен дознал за тоа

– Кој си нема свој пријател и Бог му се потсмева. Што ми се случи, Боже мој… ѓав олски дела, Фејсбук и чуда – вака ја започнува својата приказна Един Адиловиќ од Травник чија сопруга го оставила поради допишување на Фејсбук.

Од селото Злокиќи кај Травник доаѓа трог ателна приказна. Един Адиловиќ останал сам со децата откако сопругата ненадејно го напуштила.

Един има седум деца, три се постари и живеат далеку, а дома живее со четири малолетни ќерки. Тој вели дека никогаш не би помислил дека ќе му се случи ваква ситуација бидејќи според него се било како што треба.

-Првите 15 дена и за мене беа незгодни, нашите зборуваа за секакви работи. Беше Страпаријада, еден човек на забава ме праша дали сум нормален, што ми е.

Се зборуваше дека жена ми се мажи… Што да кажам, ќе ти се скрши нешто од глава, а не си виновен…

Дојдов дома, ја прашувам што се случува, ми вели дека се мажи и дека завршена е приказната, дека едноставно не личам на маж – го објаснува Един моментот кога сфатил дека сопругата навистина ќе го остави.

Ќерките, кои се големи љубители на коњи и јавање, останаа со својот татко свесни дека потегот што го направи нивната мајка не требаше да се случи.

– Бабо не го заслужи ова, тоа го кажав на суд. Сега само уште да го ожениме и него. За неколку години ќе биде сам. Што тогаш? – вели Елдина, која застана на страната на нејзиниот татко.

И покрај се, Един остана весел, како и неговите ќерки. Вели дека без разлика на се е среќен човек бидејќи со себе го има најголемото богатство, децата и покривот над главата.