Затвореник од Диво Насеље најави: Ќе ги споменеме со име и презиме, кој нѐ поддржа и кој нѐ втурна

Фатмир Речица, еден од осудените за „Диво Насеље“ во живо од затворот „Идризово“ даде изјава во емисијата на косовската телевизија Т7,

Речица кажа дека тој и неговите соборци биле ослободители на албанскиот народ во Македонија.

„Ние сме ослободители и херои за Албанците во Македонија. Дојдовме со желба за национално единство, кажа Речица.

Се поставува прашањето како осусеник во затворот Идризво има мобилен телефон, и што е целта на косовската телевизија Т7 да вклучува осуден за тероризам во програма во живо?

Речица вели дека е осуден на 40 години затвор и напоменува дека си ја исполнил должноста.

Апелацискиот суд – Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово.

„За жал, во Косово не се зборува, за тоа дека имавме поддршка од Косово. Имаме поддршка од добронамерници, не сме ги споменале. Ќе дојде ден кога ќе ги споменеме со име и презиме, кој нѐ поддржа и кој нѐ втурна“, рече тој.