Здравко веќе три месеци живее и спие во автомобил паркиран пред Здравствен дом

Здравко Ѓуриќ кој има 56 години веќе три месеци спие во својот автомобил кој е паркиран пред Здравствениот дом Гајево-Јарун во Загреб.

Завиткан во вреќа за спиење, тој го чека на задното седиште во автомобилот овој петок, кога конечно треба да биде згрижен.

На Здравко и понатаму му помагаат соседите, кои по објавата на Фејсбук се собраа и за краток период донесоа гориво за да се загрее, како и храна и пиење, пишува Јутарњи. лист.

На Фејсбук се прошири приказна за мештаните кои му помагаат на човек кој ја минува ноќта спиејќи во својот автомобил на ниски температури.

Здравко од септември од кога излегол од зад решетки чека во својот автомобил пред Домот за возрасни за да биде згрижен, но за тоа треба да ги добие сите одобренија.

Тој за медиумите рекол дека сместувањето требало да му се договори пред да излезе од за твор, меѓутоа тоа не одело како што било замислено.

Никогаш не можел да го замисли животот на улица. Роден во централна Босна, Здравко како млад дошол во Загреб. Студирал во сообраќајно училиште, по што почнал да работи како возач на трамвај.

Раскажува дека со сопругата живеел 31 година, ги испратил двете деца на училиште и дека животот го поминал во мир. Сепак, тој тврди дека се се променило по сообраќајната не среќа.

– Во 1993 година го доживеав тој су дир. Некој го сврте погрешно управувачот и два трамваи директно се су дрија. Само што одев во гаража, смената требаше да заврши.

Тогаш се ми беше ошт етено, и рбетот и ногата, но докторот не ми ги даде документите за инва лидска пензија. Син ми тогаш имаше еден месец, уште не можев да се пензионирам, раскажува Здравко за Јутарњи лист.

Иако му е непријатно да прима подароци од други луѓе, тој вели дека секогаш е расположен за разговор.Секој што доаѓа носи бензин за колата, малку храна и чај. По објавата на Фејсбук, граѓаните му даваат и пари.

– Сепак се исплати да се биде добар во животот, сето тоа се враќа. Кој би помислил дека вака ќе завршам и дека ќе ми помогнат толку добри луѓе, навистина не знам што да кажам. Им благодарам на сите, заклучува Здравко.