Игор Џамбазов ги растажи фановите: Кажа без што останал изминатите две години

Водителот, шоумен, музичар и писател или човек со многу професии како што го нарекуваат – тоа е Игор Џамбазов кој каде и да се појави или што и да објави на социјалните мрежи привлекува внимание.

Последниот период повторно е доста активен на музички план и настапува ширум Македонија, а слободното време го поминува најчесто во Дојран.

Игор потегнува од угледна фамилија, роден во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко.

Што се однесува до почетоците во глумата, неговата примарна професија, Игор Џамбазов со глума почнал да се занимава на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватрослав Мимица.

Џамбазов е доста активен на социјалните мрежи каде што со неговите секојдневни објави привлекува големо внимание.

Така беше и овојпат кога на својот инстаграм и фејсбук профил сподели една помалку емотивна и тажна објава во која вели:

Лани останав сирак. Оваа година останав ерген. Наредната би можел да останам нормален.