Игор Џамбазов емотивно за личноста што ја загуби:Сигурен сум дека си добар таму горе

Познатиот македонски музичар, водител, едноставно шоумен, Игор Џамбазов секогаш знае да привлече внимание.

Така беше и овојпат кога Игор се огласи утровона социјалните мрежи и напиша:

Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал.

Сигурен сум дека си добар таму горе.
И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.

Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил.

Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш.

Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.

Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот.