Има 88 години, но е разочаран од животот и семејството: Немам мир од ќерка ми, морам да си заминам

Дека животот не секогаш е онаков како што го посакуваме ни покажува приказната на овоа дедо кој останал сам да се снаоѓа без помош од семејството.

Во јули ќе влезе во 88мата година од својот живот. Низ солзи дедо Шемсо Ибрахимович од Добој вели дека целиот живот му бил тежок, од раѓање до денес.

– Ќерка ми е 57ма година, роди син кој има вродена шшизофренија, а потоа роди четири деца со истата дијагноза. Таа ја наследи мајчината шизофренија.

Не и даваат во дом од општината, оваа држава е опасна. До 10ти јануари беше два месеци на лечење. Само мисли да ме у бие мене. Насилна е.

Еве гледате дојде и ја копаше земјата пред мене. Јас одев кај докторите и ги молев да ја сместат во болница.

Немам никаков мир, тешко живеам, морам да заминам. Не можам сега ни сам да си направам нешто да јадам, добро е што има тука еден добар човек со кафана па ми вика дојди јади нема да ти земам ни марка или јави се дома ќе ти донесам.

Имам добра пензија, 800 марки, ама сам сум не можам. Никогаш не купив автомобил – прави куќа, прави штала, не доаѓа на ред, низ солзи си ја раскажува приказната.