Им фрлија мерак: Украдено уште едно возило на болница, сега во Скопје – но завршил исто како во Кочани

Неодамна јавноста во Македонија ја брануваше информацијата кога од кругот на Општата Болница во Кочани беше украдено возило на Итната медицинска помош.

Истото по неколку часа беше пронајдено во близина на болницата откако завршило во бетонски столб.

Денес од МВР информираат за сличен случај откако 19-годишен штипјанец е приведен денеска откако во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ одзел патничко возило, сопственост на мензата на болницата и со него удрил во бетонски столб информира Министерството за внатрешни работи.

„На 04.01.2023 во 02.45 часот на ул.„Козара“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип, затоа што околу 01.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ одзел патничко возило, сопственост на мензата на болницата и со него удрил во бетонски столб“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, се вели од надлежните.