Ирена Спасовска: Ние пополните женички сме посреќни и знаеме да дадеме љубов, никој не ме оставил досега – јас сум таа којашто остава

Македонската фолкерката Ирена Спасовска ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.

Бидејќи е на домашната музичка сцена уште од далечната 1989 година, Иренче добро знае да ги прати трендовите и да остане актуелна, а притоа да ја задржи својата препознатливост.

Таа без сомнение е една од најпознатите македонската фолкерката. Ирена Спасовска ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.

– Ниту еднаш не сум се покајала што ја избрав музиката и уште еднаш да се родам повторно би ја одбрала музиката секако доколку го имам тој глас и талент.

Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски се разделија по 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно.

Ирена беше гостинка во емисијата Нешто конкретно со Снеже Велков каде подетално го искажа своето мислење во врска со машко – женските односи, но и за бакшишот кој го зема.

– За бакшишот е индивидуално. Убаво е и тој што прима бакшиш, но сепак тој што дава бакшиш мислам дека задоволството негово е поголемо бидејќи тој како да си го откупил тоа време да се весели, да дига, раце да ужива.

Само за љубовта би сакала да кажам дека овојпат ќе почекам. Ако треба да дојде ќе дојде, ако се појави некој што мисли дека ќе може да ме освои нека повели.

И нормално дека ние сме тие жените коишто имаме доста додворувачи, но ако сметам дека е тој вистинскиот секако дека ќе му дадам знак.

Згодните жени се нервозни, слаби, ете не ги бива. Јас мислам дека ние пополните женички сме посреќни и знаеме да дадеме љубов и затоа никој не ме оставил досега – јас сум таа којашто остава.